БЕЗ додаден шеќер. БЕЗ конзерванси. БЕЗ желавост-пектин.
Намаз од малина со најмногу малини во една тегла. 160 гр малини на 100 гр намаз. Кога велиме 100% овошје, правиме намаз од 100% овошје и апсолутно ништо друго. Со прекрасна арома и крцкава текстура, овој намаз е врв на здравото задоволство. Можете да го консумирате сам, како намаз на тост, вафли, палачинки, како прелив за сладолед, како додаток на овесна каша, како фил за колачи, мафини, колачи од ванила, слатки кифлички. Пробајте го во комбинација со нашиот намаз од орев+бело чоколадо или со 100% путер од орев, чиста магија на вкус! Доколку сакате да го комбинирате со сирења, ви препорачуваме: Бри, Рикота, Пармиџано Реџиано, Гауда, крем сирење.
БЕЗ додаден шеќер. БЕЗ конзерванси. БЕЗ желавост-пектин.
Намазот од црна рибизла има изразито елегантен вкус и префинета арома. 140 гр црни рибизли на 100 гр намаз. САМО 100% ОВОШЈЕ. Одлична опција за сите сорти на сладок појадок, но и како фил за палачинки и колачи од ванила. Го препорачуваме на тост или уште подобро на т.н Француски тост со нашиот путер од бадем! Од веганските сирења најдобро оди со кашу или кокосови сирења, додека од стандардните сорти најдобро оди со сирења: Фета, Пармиџано Реџиано, Манчего, Чедар и Сино сирење.
Состојки: црна рибизла, јаболко – 140 гр црна рибизла на 100 гр намаз